Банер
Банер

Од Декември 2011 Банката за храна Македонија е придружна членка на Европската Федерација на Банки за Храна - ФЕБА

Поддржувачи
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Соработници
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Home Кому помагаме

Кому помагаме

Кому помагаме

НАША ЦЕЛНА ГРУПА

Во Република Македонија со сиромаштијата се погодени луѓето со низок степен на образование, незапослените но работно способни, жителите во руралните подрачја, децата, старите лица, лицата со посебни потреби, раселените лица, домаќинствата каде носител на истото е жената, Ромската популација итн.

Компаниите – донаторите пружаат разновидна помош, своите донации ги праќаат на социјалните установи (на домовите за деца и млади, народните кујни и др.), кои и покрај тоа редовно примаат некаква поддршка, но помошта до истите скоро да е недоволна ни од буџетските средства. Повремено помошта пристига и до разни здруженија, организации на лица со посебни потреби, самохрани мајки и др., а и Локалните власти во рамки на своите можности и надлежности ги помагаат здруженијата и организациите на ниво на својата Општина.

Меѓутоа, хуманитарните организации и здруженијата на граѓани воглавно не донираат храна на самите домаќинства – социјално загрозените лица евидентирани во Центрите за социјална работа. Оваа категорија на граѓани е во многу потешка ситуација од институционално згрижените лица, причината е секако што овие лица се далеку од очите на јавноста – тие се на самите маргини на општеството. Тоа се фамилии кои живеат под границите на сиромаштијата и на кои помошта им е неопходна и најпотребна.

Со други зборови кажано, на Компаниите, донаторите и разни домашни и меѓународни организации многу поедноставно им е да поддржуваат и донираат на институциите и здруженијата – организациите, отколку истата помош ја насочат и дадат на поединци и фамилии за што изискува комплексна и сложена организација на работата.

Затоа примарен фокус и цел на Банката за храна Македонија, кога е во прашање поддршката и пружањето помош во храна, претставуваат загорзените и сиромашни лица и фамилии евидентирани во Центрите за социјална работа.

СОЦИЈАЛЕН КОНТЕКСТ

Во Република Македонија повеќе од 30% е погодено со феноменот на сиромаштијата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатите неколку години процентот на сиромашни лица во Република Македонија е помеѓу 30 и 32%.
Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 47.3% од сиромашните живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените е 41.8%, односно 44.8% од сите сиромашни се невработени лица. Образованието на носителот на домаќинството, исто така влијае на бројот на сиромашни лица. Имено, 54.7% од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на истото нема или има завршено најмногу основно образование, а најголем процент се домаќинствата каде носител на истото е самохрана мајка – родител и стари и изнемоштени лица.

По горе презентираните проценти можеме да извлчеме заклучок дека над 600.000 граѓани од Р. Македонија живеат во сиромаштво односно над 60.000 луѓе спаѓаат во категоријата на неухранети лица, од кои над 50% проценти се деца.

Гладта е најтежок вид на сиромаштија!

Врз основа на фактот дека исхраната директно влијае на психофизичките способности кај луѓето, неухранетоста долгорчно може да доведе до несогледиви последици по здравјето на луѓето (разни психоматски и други неизлечиви болести), од тука произлегува дека храната е од витално значење за СИТЕ. Многу проекти и акции се бават со едукација, одржлив развој, човекови права, итн. НО, без основата надградбата не е можна. Храната како есенцијална потреба е УНИВЕРЗАЛНО ДОБРО на кое сите граѓани полагаат право. Храната е НЕОПХОДНА како воздухот – ХРАНАТА Е ЖИВОТ!

 
Донација

Македонски (Macedonian)
Слика од 1000 зборови!

Посетители
Денес5
Вчера10
Оваа Недела5
Овој Месец5
Вкупно8121
Анкета
Има ли доволно храна за сите?