КОМУ ПОМАГАМЕ?

НАША ЦЕЛНА ГРУПА

Во Република Македонија со сиромаштијата се погодени луѓето со низок степен на образование, незапослените но работно способни, жителите во руралните подрачја, децата, старите лица, лицата со посебни потреби, раселените лица, домаќинствата каде носител на истото е жената, Ромската популација итн.

Компаниите – донаторите пружаат разновидна помош, своите донации ги праќаат на социјалните установи (на домовите за деца и млади, народните кујни и др.), кои и покрај тоа редовно примаат некаква поддршка, но помошта до истите скоро да е недоволна ни од буџетските средства. Повремено помошта пристига и до разни здруженија, организации на лица со посебни потреби, самохрани мајки и др., а и Локалните власти во рамки на своите можности и надлежности ги помагаат здруженијата и организациите на ниво на својата Општина.

Меѓутоа, хуманитарните организации и здруженијата на граѓани воглавно не донираат храна на самите домаќинства – социјално загрозените лица евидентирани во Центрите за социјална работа. Оваа категорија на граѓани е во многу потешка ситуација од институционално згрижените лица, причината е секако што овие лица се далеку од очите на јавноста – тие се на самите маргини на општеството. Тоа се фамилии кои живеат под границите на сиромаштијата и на кои помошта им е неопходна и најпотребна.

Со други зборови кажано, на Компаниите, донаторите и разни домашни и меѓународни организации многу поедноставно им е да поддржуваат и донираат на институциите и здруженијата – организациите, отколку истата помош ја насочат и дадат на поединци и фамилии за што изискува комплексна и сложена организација на работата.

Затоа примарен фокус и цел на Банката за храна Македонија, кога е во прашање поддршката и пружањето помош во храна, претставуваат заг р